Samsung подготвува телефон со само една камера на задната страна
Во последните неколку години, постои тренд производителите на паметни телефони да имплементираат што е можно повеќе камери на своите уреди, иако некои од нив се речиси бескорисни.
Ова особено важи за поевтините телефони. Иако му требаше долго време, се чини дека Samsung ја препозна реакцијата на корисниците и сега се појави информација дека јужнокорејската компанија се подготвува да претстави нов телефон од својата палета, кој ќе пристигне само со една камера.
Пред неколку дена Samsung ја претстави 5G верзијата на телефонот Galaxy A23.
Овој паметен телефон во предниот дел на телефонот е покриен со екран со пад во горниот дел, каде што ќе се наоѓа предната камера. На десната рамка на телефонот има скенер за отпечатоци и копче за контрола на јачината на звукот.
Samsung Galaxy A23e, render rivela un design compatto#Android12 #GadgetTech #GalaxyA23e #MobileNews #Notizie #Rumors #Samsung #SamsungGalaxy #SmartDevice #Smartphone #Tech #TechNews #Tecnologia #Telefoniahttps://t.co/taKoc9yZZl pic.twitter.com/5HNuuSZJsj
— CEOTECH.IT (@CeotechI) August 11, 2022
Кога станува збор за задниот дел од телефонот, забележуваме дека уредот има само една камера, под која има LED блиц. За жал, повеќе детали за телефонот не се познати, но дизајнот укажува дека овој модел би можел да биде најприфатливата верзија на телефонот А23.
На крајот на минатиот месец се појави информација дека Samsung од следната година би можел да елиминира една камера на своите телефони од средната класа. Според извештајот на The Elec, Samsung одлучил да го отстрани сензорот за длабочина од своите телефони од средната класа, кои ќе бидат претставени следната година.
Во извештајот се наведува дека Samsung Galaxy A24, Samsung Galaxy A34 и Samsung Galaxy A54 ќе пристигнат со по три камери – главна, ултра широка и макро. Сепак, се чини дека Samsung веќе оваа година ќе почне да го намалува бројот на камери со телефонот Galaxy A23e, што многумина ќе го поздрават.