Нападот во Цетиње, е трагедија која Црна Гора не може да ја памети, вели Абазовиќ
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во петокот изјави дека нападот во Цетиње, во кој загинаа единаесет лица, е трагедија која Црна Гора не може да ја памети.
„Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, рече Абазовиќ на Телеграм.
Абазовиќ потврди дека Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост.
Црногорските медиуми јавуваат дека триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ од Цетиње уби 11 лица, а рани шестмина од кои еден полицаец, а меѓу убиените има и деца.
Како што јавуваат подгоричките медиуми, станува збор за семејна трагедија. Наводно, откако пукал во членовите на неговото семејство, Бориловиќ излегол на улица и пукал во случајни минувачи. Напаѓачот е убиен.
Црногорската полиција сè уште нема официјално соопштение во врска со трагедијата.