Магазин

Xiaomi MIX Fold 2 е најавен како конкурент на преклопните телефони на Samsung

Xiaomi го претстави телефонот MIX Fold 2 со флексибилен дисплеј, само еден ден откако Samsung ги објави Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4.

Предност ќе има кинеската компанија со оглед на тоа што MIX Fold 2 ќе започне да се испорачува десет дена пред моделот Fold4 (16 август). Сепак, ќе биде достапен само за корисниците во Кина, а засега нема информации кога ќе стане достапен ширум светот.

Ќе има три варијанти на телефонот Xiaomi MIX Fold 2: 12GB + 256GB, 12GB + 512GB и 12GB + 1TB варијанта. Дополнително ќе бидат достапни две бои – црна и златна.

Кога станува збор за дисплејот, внатрешниот Eco² OLED главен екран е со димензии 8,02 инчи (120Hz LTPO 2.0, 2160 x 1914p), додека надворешниот AMOLED екран има димензии од 6,56 инчи (120Hz, 2520 x 1080p). Декориран е со Corning Gorilla Glass Victus заштита.

Што се однесува до камерите, телефонот има главна камера од 50 мегапиксели, ултра широка камера од 13 мегапиксели, телефото од 8 мегапиксели и предна камера од 20 мегапиксели. Системот за камера е развиен во соработка со Leica.

Xiaomi ја имплементираше Micro Waterdrop Hinge на телефонот, односно шарка која е прилагодена, користи издржлива легура MIM и други елементи за дополнителна издржливост.

Телефонот е тенок само 5,4 милиметри кога е расклопен. Други карактеристики вклучуваат мултифункционален NFC, IR Blaster, симетрични звучници со звук Harman Kardon и поддршка за Dolby Atmos.

Има батерија од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W, додека оперативниот систем MIUI Fold 13 е базиран на Android 12.

Што се однесува до цените, Xiaomi MIX Fold 2 чини околу 1340 долари за основната варијанта (12GB + 256GB).

На почеток