Се продава Ферарито на Тајсон
Ферари Ф50, кој претходно беше во сопственост на боксерскиот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, исто така ќе биде понуден на аукцијата на Gooding & Company подоцна овој месец.
Според проценките, автомобилот ќе биде продаден помеѓу 4,5 и 5,5 милиони долари, пишува Autoblog.
Во прашање е F50 со број на шасија 104220 и произведен на 13.02.1996 год. Тој е исфарбан во Rosso Corse и е еден од само 55. примероци првично направени за американскиот пазар.
Во 2001. година, Мајк Тајсон го продал на ко-основачот на Infospace, Кевин Маркус. Во текот на следните две децении, автомобилот поминал низ рацете на неколку колекционери.
Во мај оваа година, сегашниот сопственик го испратил во Ferrari Fort Lauderdale каде што бил подложен на голем сервис кој, меѓу другото, вклучуваше и поставување на нова спојка и гуми.
За автомобилот во изминатите шест месеци се потрошени повеќе од 75.000 долари.
Се продава со само поминати 6.193 милји (9.966 km).