Свет

Две земји ја напуштаат кинеската иницијатива 16+1

Летонија и Естонија објавија дека ја напуштиле кинеската иницијатива 16+1, која ја покрена Пекинг за интензивирање на соработката со источноевропските земји.

„Со оглед на актуелните приоритети на латвиската надворешна и трговска политика, Летонија одлучи да го прекине учеството во рамките на соработката меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Кина“, соопшти летонското Министерство за надворешни работи, пренесува АП.

Рига најавува дека ќе продолжи да развива конструктивни и прагматични односи со Кина, како билатерално, така и преку соработка во ЕУ и Кина, засновани на взаемна корист, почитување на меѓународното право, човековите права и поредок врз основа на меѓународното право, а слична изјава беше издадена од Естонија.

„Естонија учествува во форматот на соработка меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Кина од 2012 година. Естонија не присуствуваше на ниту еден состанок во тој формат по самитот во февруари минатата година“, се наведува во соопштението.

Овој потег доаѓа во време на критиките на Западот кон Пекинг поради Тајван.

Претходно и Литванија се откажа од таа иницијатива, по влошувањето на односите со Пекинг поради олеснувањето на отворањето на тајванската амбасада.

Соработката во рамките на форумот 16+1, е воспоставена во 2012 година на иницијатива на Кина, со цел зајакнување на економските односи во рамките на кинеската иницијатива „Појас и пат“.

На почеток