Актуелно

„Украинците да престанат со гранатирање“, вели руски претставник во меѓународните организации

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов денеска изјави дека Украина мора да ги запре нападите на нуклеарната централа Запорожје. Тој изјави дека неодамнешната дискусија во Советот за безбедност на Обединетите нации, одржана на барање на Русија на 11 август, покажала дека во основа никој не се противи на мисијата на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија, кои треба да го посетат Запорожје.

„Сепак, не може да се исклучи дека може да се појават некои тешкотии додека трае договорот за организација на посетата. Сега е важно Украинците да престанат да ја гранатираат централата и да дадат безбедносни гаранции на членовите на мисијата. Меѓународниот тим не може да работи под континуирано гранатирање, ова е главната пречка“, изјави Уљанов за ТАС С.

Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, се наоѓа во градот Енергодар и е под контрола на руските сили.

ТАС С наведува дека Киев во изминатите денови извршил неколку напади на подрачјето на нуклеарната централа со помош на беспилотни летала, тешка артилерија и повеќе ракетни фрлачи, а во повеќето случаи нападите биле одбиени од руски системи за противвоздушна одбрана. Сепак, погоден е дел од инфраструктурата, вклучително и складиштето за нуклеарен отпад, додава руската агенција.

На почеток