Препорака на честите патници: „Наместо во Хрватска одете во Црна Гора“
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/08/Crna-gora.png)
На Reddit започна дебата меѓу честите патници за тоа кои помалку познати места се всушност „скриените скапоцени камења“ на туризмот.
Наместо силно нагласени туристички дестинации, тие предложија некои помалку популарни места кои според нив се подеднакво интересни, ако не и подобри.
„Наместо во Хрватска, оди во Црна Гора“ им беше препорачано на читателите за оваа објава: „Црна Гора е навистина скриен скапоцен камен на Балканот. Подгорица е прекрасен град, а крајбрежната област кај Будва остава впечаток дека сте се вратиле во минатото“, изјави еден корисник на Редит.
Наместо Дубровник ја препорачуваат Истра.
„Истра, најблискиот хрватски полуостров на северниот дел на Јадранот до Италија, изгледа никогаш не е толку популарна како делови од јужна Хрватска, но сериозно го заслужува тоа“, напиша друг корисник на Редит.
Покрај Хрватска, препораките ја вклучија Полска наместо Германија, потоа Тајван наместо Јапонија, Либан наместо Израел, Оман наместо Дубаи, Алјаска наместо Исланд…
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)