Вдовицата на Оливер Драгојевиќ: „Ме изневери, ми требаа 10 години да преболам“


Вдовицата на пејачот Оливер Драгојевиќ, Весна Драгојевиќ ѝ откри на јавноста со какви предизвици се соочила во бракот со покојниот пејач.
Весна и Оливер Драгојевиќ се запознале во 1973 година, набрзо се венчале и останале заедно до неговата смрт, а помалку е познато дека пејачот кој ја плени публиката со своите романтични далматински шансони водел живот полн со контроверзии.
Имено, Оливер, кој се трудеше максимално да го задржи имиџот на семеен човек, во 2006 година го погоди скандал, поради што неговиот брак за малку ќе се распаднеше. Протекоа информации дека тој водел паралелен живот и дека имал афера со поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути, која изјавила дека е најголемата љубов на пејачот.
Бранка Мариќ Мути јавно призна дека е во долгогодишна љубовна врска со уметникот, дека одржувале интимни односи во текот на седумдесеттите и раните осумдесетти, а колку е сериозна аферата покажува фактот што Драгојевиќ сакал да ја остави сопругата Весна поради Бранка.
Вдовицата на Оливер Драгојевиќ отворено проговори за тоа за хрватските медиуми, а меѓу другото нагласи дека и биле потребни 10 години да ја преболи измамата на пејачот.
„Во текот на сите тие години честопати завршував во прва помош поради стрес и нервоза. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност“, изјави еднаш Весна за еден хрватски портал.
Следеа меѓусебни тужби, Бранка тврдеше дека брачната двојка и оставила заканувачки пораки, што брачниот пар Драгојевиќ го негирале и поднеле противтужба поради претрпената душевна болка, која ја платиле по повеќегодишна судска постапка.
„Никогаш не сакав да зборувам за мојот живот надвор од сцената, но поради комбинација на чудни и неморални околности, се најдов во фокусот на скандал што го организираа други. Мојата интимност е пред се моја работа и ќе решам се што треба да се направи во моите четири ѕида и со оние кои се загрижени, а чуварите ќе останат гладни за сензација“, рече тогаш Оливер и стави крај на целата приказна.
