Секој нека се чествува кај себе за она за што мисли дека треба, вели Најчевска за одлуките на историската комисија
Професорката Мирјана Најчевска не ги коментира промените во учебниците и сака да види што точно ќе се менува. Нејзиниот став го сподели на социјалните мрежи. За чествувањето на празници, заедно со Бугарија, дава друг предлог.
„Би сакала да ги видам препораките за промени во учебниците на Македонија и Бугарија за да можам да судам за нив. Не ми е јасно ова со заедничкото чествување. Зошто треба заедно? Зошто сега одеднаш се форса сесловенството? Или сакаме да докажеме дека сепак сме еден народ разделен во две држави? Секој нека се чествува кај себе за она за што мисли дека треба. Овде во Чешка на пример браќата Кирил и Методиј ги чествуваат на 5 јули. Тоа е датумот за кој се претпоставува дека бил датум на пристигнување на браќата во Моравија“, напиша Најчевска.