Македонија

На брза лента: Ќе се менува историјата во учебниците за петто и шесто одделение, откриени измените

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна Македонија

Заедничката комисија ги разгледа и анализира учебниците по историја за 5-ти клас на Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија и констатира извесни недостатоци односно можности за подобрување. Со оглед на тоа, се препорачува избегнување на:
– неосновани историографски сугестии за античката историја,
– недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,
– фактографски непрецизности.

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:

1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.
2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.
3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.
4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на пример Дарданците).
5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и поставените методски цели.

Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија:

1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.
2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.
3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани.
4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.

5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).

На почеток