Свет

Лидерите на светските сили сложни, продолжува поддршката за Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон, а четворицата лидери се согласија да продолжат да ја поддржуваат Украина, се вели во соопштението на Белата куќа.

Тие разговараа и за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, вклучувајќи ја и потребата да се избегнат воени операции во околината на нуклеарната централа.

Тие додаваат дека е важно делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија што поскоро да дојде во Запорожје, за да се утврди состојбата на безбедносните системи. Лидерите на светските сили разговараа и за преговорите со Иран за заживување на нуклеарната програма од 2015 година, потоа за потребата од зголемување на поддршката за партнерите на Блискиот Исток, како и за заедничките напори за „зауздување на дестабилизирачките активности на Иран“ во регион.

На почеток