Свет

Латвија ќе отстрани споменик од времето на Советскиот сојуз

Латвија денеска во Рига ќе отстрани споменик од времето на Советскиот сојуз, кој ја одбележува победата на Црвената армија над нацистичка Германија, соопштија локалните власти.

Извршниот директор на главниот град на Латвија, Јанис Ланге рече дека споменикот, поставен во 1985 година, додека земјата сè уште беше дел од Советскиот сојуз, ќе биде отстранет со машини, без употреба на експлозиви.

Балтичките земји досега отстранија повеќе споменици од овој период. Минатата недела, Естонија отстрани споменик од советската ера.

На почеток