Русија го суспендираше договорот со Латвија
Од
Објавено на
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го суспендираше договорот за избегнување двојно оданочување што земјата го потпиша со Латвија.
Договорот потпишан на 20 декември 2010 година е ставен вон сила и ќе биде надвор од употреба додека Латвија не ги исполни своите обврски на кои се согласи со потпишувањето на тој документ, пренесува ТАСС.
Путин го задолжил руското Министерство за надворешни работи да ја извести летонската страна за суспензијата на договорот, додека за истото обврска на владата е да ја информира и Државната дума, наведува руската агенција.