Актуелно

Пиварниците во Германија се соочија со проблем, извозот на пиво во Русија речиси целосно запрен

Пиварите од германската провинција Баварија, поради војната во Украина, повеќе не испорачуваат пиво во Русија.

Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси целосно е запрен.

Портпаролот на здружението Лотар Еберз за „Билд“ изјави дека во јануари во Русија биле извезени околу 77.477 хектолитри и 78.797 хектолитри пиво.

„По почетокот на војната во Украина, извозот на пиво во Русија значително се намали. Во март на околу 47.313 хектолитри, а во јуни на 23.249 хектолитри“, рече Еберк.

За пиварниците, суспензијата на извозот во Русија е особен проблем бидејќи Русија, по Италија, беше втора по големина извозна дестинација за пиво од Баварија.

Минатата година Баварија извезла околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

Еберк вели дека сегашната ситуација може да се спореди со ситуацијата поради корона кризата.

На почеток