Ким Кардашијан ја победи Хилари Клинтон
Ким Кардашијан и Хилари Клинтон го измерија своето знаење во областа на правото, а на крајот како победник излезе реалити ѕвездата, победувајќи ја Хилари со 11:4.
Како што пишува магазинот „Пипл“, реалити ѕвездата се соочила со Хилари Клинтон, која студирала право на Јеил. Битката меѓу двете познати жени и резултатите се откриени во новото шоу „Clinton, Gutsy“, кое ќе се појави на Apple TV+ следниот месец.
Иако можеби беше голем предизвик за Ким да се натпреварува против Хилари, која беше прв партнер во адвокатската фирма Роус во Арканзас пред да стане прва дама, ријалити ѕвездата на крајот ја победи со 11-4.
Од употреба на смртоносна сила и вооружен грабеж до кога самоодбраната е дозволена, Ким и Хилари беа испрашувани за сè.
Ќерката на Хилари, Челзи, предложи во шоуто дека Ким може да има неправедна предност затоа што неодамна студирала и го положила “baby bar”, испит за студенти по право во прва година што е потребен за потенцијалните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани институции за високо образование, додека нејзината мајка со години не работи во областа на правото.