„Очекувајте пекол оваа есен и зима“, вели Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата во светот е тешка, особено на енергетски план, но нагласи и дека не се планира ограничување на електричната енергија.
Претседателот на Србија посочи дека ситуацијата во Европа е тешка, споменувајќи го и случајот со Чешка и изјави дека владее „целосно лудило“.
„Очекувајте буквално пекол оваа есен и зима. Нервозата веќе започна, многу поголема отколку што очекував. Сакам сите во Србија да го знаат тоа. Не сакам никого да лажеме и никој да не разбере за што се работи, изјави Вучиќ.
Тој објасни дека Србија годишно троши 3,2 милијарди кубни метри гас, а ние од Русија купуваме две милијарди по цена од 400 долари за 1.000 кубни метри. Тоа значи дека за тие две милијарди плаќаме 800 милиони евра“, рече Вучиќ.
Сепак, тој додаде дека само за тие дополнителни 1,2 милијарди кубни метри, по сегашни цени, ќе треба да платиме дури 4,8 милијарди евра. Тоа би значело банкрот. Среќа што порано набавивме гас, како да знаевме“, изјави Вучиќ.
Тој рече и дека денес трошиме многу повеќе струја од порано и дека тоа што го произведуваме чини повеќе од тоа што го плаќаат граѓаните.
„Граѓаните плаќаат 41 евро за мегават час. Производната цена на струјата кај нас е некаде околу 57 евра за мегават час. Тоа што го произведуваме не чини повеќе од она што им го даваме на граѓаните“, посочи тој.
Тој рече дека во понеделник ќе знаеме колку мазут треба да обезбедиме и дека 40 години немаме изградено ниту еден нов објект. Костолац Б3 ќе биде готов дури следната година.
„Луѓето треба да го знаат тоа, а нам ни треба големо разбирање, наскоро ќе направиме план, новата влада ќе направи план тие што штедат струја во однос на истиот месец од претходната година, ќе имаат драстични попусти на цената на струја Не планираме да одиме со исклучувања, ќе плаќаат драматично помалку, ќе им дадеме дополнителен попуст“, рече Вучиќ.