ФОТО: Пак пропадна камион во фонтаната на Груевски и Трајановски, вредна 2,5 милиони евра


Камион пропадна во џампинг-џет фонатаната на градскиот плоштад во Скопје. И ова не е првпат, туку скоро секоја година на скопскиот плоштад може да се види истата слика. Инаку, оваа година, во текот на целото лето, фонтаната не функционира.
Од она што може да се види е дека камионот е навлезен со предните тркала во фонтаната, која беше пуштена во употреба пред седум години.
Таканаречената сува фонтана е вредна 2,5 милиони евра.
Отворениот кратер, по секое пропаѓање на возило, се заградува со метална ограда, за да не се случи поголема несреќа. Фонтаната е направена во време кога премиер беше Никола Груевски, а градоначалник Коце Трајановски. Таа е дел од проектот „Скопје 2014“.
