Свет

„Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот ‘Северен тек 1’“, вели директорот на украинската компанија за транспорт на гас

Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1 преку Суја, единствената транзитна точка со Русија. Ова го изјави директорот на украинската компанија за транспорт на гас Сергиј Макогон.

„Тие не го користат целиот капацитет на Суја. Иако може да се испумпуваат 77 милиони кубни метри дневно, тие испумпуваат само 41 милион“, изјави Макогон за Ројтерс.

Минатата недела Гаспром целосно ја прекина испораката на гас преку Северен тек 1, бидејќи при редовно одржување на гасоводот беше утврдено дека дошло до истекување нафта на единствената работна единица во близина на Санкт Петербург.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека за целосното затворање на гасоводот „Северен тек 1“, што минува меѓу Русија и Германија, треба да се обвинат западните санкции.

На почеток