Актуелно

Русија за ограничување на цената на нафтата: „Може да има одмазднички мерки“

Кремљ денеска го предупреди Западот дека ќе одговори со одмазднички мерки на одлуката на Г7 за ограничување на цената на руската нафта.

„Може да има само одмазднички мерки“, им рече Песков на новинарите, пренесува Ројтерс.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки на Г7 денеска на виртуелен самит едногласно донесоа одлука за воведување ограничувања на цената на руската нафта поради војната во Украина.

На почеток