Зеленски: По втор пат Запорожје на работ на радијациона катастрофа


Новото исклучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа по вторпат ја донесе нуклеарната централа еден чекор поблиску до катастрофа со радијација.
Ова во понеделникот го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека за ова е одговорно ново руско гранатирање, пренесе Ројтерс.
„Повторно, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациона катастрофа“, рече тој во својата вечерна видео порака.
Според него, гранатирањето на територијата околу нуклеарната централа значи дека на Русија не и е грижа што ќе каже Меѓународната агенција за атомска енергија и дека не е загрижена што ќе одлучи меѓународната заедница.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на територијата околу нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.
