Актуелно

МААЕ контра Зеленски: Резервниот далновод што ја снабдува Запорожје во Украина беше намерно исклучен

Откако украинскиот претседател предупреди дека светот повторно е на работ на нуклеарна катастрофа бидејќи нуклеарната централа Запорожје повторно била исклучена, се огласи Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Денеска соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), чии двајца претставници останаа во најголемата европска нуклеарна централа. Организацијата вели дека резервниот далновод што ја снабдува Запорожје во Украина бил намерно исклучен за да се гаси пожарот, но дека не бил оштетен.

Како што се наведува и во соопштението на МААЕ, Запорожје продолжува да ја добива електричната енергија што му е потребна за безбедност од единствениот оперативен реактор, пренесе Ројтерс.

Да потсетиме, Володимир Зеленски во понеделникот рече дека новото прекинување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја донело нуклеарната централа чекор поблиску до радијациона катастрофа по втор пат. Зеленски рече дека за ова е одговорно ново руско гранатирање, пренесе Ројтерс.

„Повторно, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациона катастрофа“, рече тој во својата вечерна видео порака.

На почеток