Свет

Рафаел Гроси (МААЕ): Не можам да одредам кој го гранатираше Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека не може да утврди кој ја гранатирал нуклеарната централа Запорожје.

„Не можам да го одредам тоа. Немаме средства да го направиме тоа. Како што знаете, ќе треба да ја надгледувате воената операција во регионот…која не само што е надвор од мандатот на МААЕ, туку ќе бара огромен потенцијал“, изјави Гроси за „Си-ен-ен“.

Тој оцени дека состојбата во комбинатот се уште е многу загрижувачка и предупреди дека „си играме со оган“.

После тоа Гроси на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека во нападите била оштетена нуклеарната централа Запорожје, пренесува Спутник.

На почеток