Поранешната компанија на Анџелина Џоли го тужи Бред Пит
Поранешната компанија на Анџелина Џоли го тужи Бред Пит за 250 милиони долари за наводно кражба на нивниот бизнис со вино.
Вкрстената жалба беше поднесена денес од Nouvel LLC, а доаѓа откако Бред Пит ја тужеше Џоли, тврдејќи дека таа незаконски го продала својот дел во Шато Миравал, француски замок и бренд за вино.
Џоли ги имаше своите акции во винската компанија преку нејзината компанија Нувел, но минатата година ги продаде на гигантот за пијалоци Столи.
Во тужбата, компанијата тврди дека Пит се обидел „тајно да ги префрли средствата“ од нивното заедничко вложување на неговите пријатели и други компании, дека потрошил „милиони на проекти“, вклучително и 1 милион долари за базен. Во тужбата се бара отштета од најмалку 250 милиони долари.
Поранешната компанија на Анџелина Џоли тврди дека наводната шема на Пит значела дека таа „никогаш нема да види ни пара“ од „десетици милиони долари профит“ на Шато Миравал.
„Во знак на одмазда за постапката за развод и старателство, Пит започна повеќеслојна, повеќегодишна кампања да ја преземе контролата врз Шато Миравал и да ги присвои имотите на компанијата за своја корист и за доброто на неговите компании и пријатели“, се наведува во тужбата.
Во тужбата се наведува дека „откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли поднесе барање за развод од него во 2016 година, Бред Пит води војна за одмазда против неа“.