Актуелно

(ВИДЕО) Бака Прасе најави документарец за сопственикот на Тв Пинк: „Време е убијците да одговорат“

По жестоки расправии на социјалните мрежи, Жељко Митровиќ најави документарен филм за Бака прасе кој ќе се емитува во четврток во 20 часот на Тв Пинк.

„Решив да снимам филм кој ќе иницира решение на проблемот со изживување со малолетници. Ќе има неколку работи во тој филм. Прво, докази за неговите неплатени даноци… Ќе видиме колку даноци платил и каков имот има“, рече Митровиќ и додаде дека една од темите ќе биде самоубиството на јутјуберката Кика Ѓукиќ.

„Ќе се справиме со причините зошто Кика се самоуби, кој ја навлече на кокаин… Потоа ќе ги разгледаме сите околности на неговата сексуална врска со 14-годишна малолетничка, што земале, што правеле. Тоа го правиме многу сериозно, па затоа не брзаме. Филмот ќе се емитува неколку пати.

„Кај Кика, ќе го изненадам, да му најавам. Тие се вадат дека мајката на Кика го бранела Бака Прасе, но ние имаме изјава од мајката на Кика која кажува што таа навистина мисли“, рече Митровиќ.

Тој потоа рече дека доколку YouTube прогласи некој дел за невистинито, ќе предложи детектор за лаги.

Митровиќ повторно тврдеше дека Бака Прасе е пoврзан со кланот на Беливук.

„Тој има врски со Невоља. Филмот ќе покаже како го запознал, колкав рекет платил… Плаќањето на рекетот е финансирање на се што направил тој клан. Опасно е да не се пријави“, изјави сопственикот на Пинк.

Бака Прасе повторно се огласи на својот Инстаграм профил и најави документарен филм за Митровиќ.

Тој во својата објава кажа што ќе биде претставено против сопственикот на „Пинк“ во неговиот документарец.

„Би сакал да најавам мини-документарец утре во 21:00 часот. Колку мртви ќе остави ќе остави зад себе маснокосиот (Жељко Митровиќ)? Не е доволно едно убиство извршено од неговиот син, туку уште едно убиство извршено од извесен Митровиќ, чиј идентитет засега го кријам, исто така во сообраќајка на пешачки премин со брзина од над 80 на час. А кој е одговорен за смртта на љубовникот кој се предозирал во хотелска соба откако конзумирал смешни количества МДМА? Време е убијците да одговараат“, напиша Богдан на Инстаграм.

На почеток