Актуелно

Протерани иранските дипломати од Албанија, запалиле сè пред да заминат

Ирански дипломати запалија документи рано утринава во Тирана пред да ја напуштат Албанија, која одлучи да ги замрзне дипломатските односи со Техеран.

Ројтерс наведува, повикувајќи се на сведоци, дека вработените во иранската амбасада фрлале документи во зарѓано буре, додека огнот ги осветлувал ѕидовите на трикатната зграда на дипломатската мисија.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера во видео обраќање рече дека му наредил на иранскиот дипломатски персонал да ја затвори амбасадата и да ја напушти земјата во рок од 24 часа.

Рама рече дека јулскиот сајбер напад би можел да ги парализира јавните услуги, да ги уништи дигиталните системи и да ги пробие владините записи, како и украдени владини електронски пораки, што би довело до хаос и би ја загрозило безбедноста на земјата.

САД го обвинија Иран за напад на Албанија, членка на НАТО, и најавија „понатамошни активности за да го повикаат Техеран одговорен за заканите по безбедноста на американскиот сојузник“.

Иран остро ја осуди одлуката на Албанија да ги прекине дипломатските врски со Техеран, отфрлајќи ги причините за потегот како неосновани тврдења.

Хакерски напад минатиот месец предизвика паника во албанските јавни служби, чии интернет услуги беа блокирани со денови.

На почеток