Коментари

Џабе е учењето македонски: Децата не се глупави да учат за да земат партиска книшка за 20 илјади плата

Од предвидените 190 места, само 16 средношколци се пријавиле во првиот уписен рок на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура на УКИМ. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а еден вонреден студент е запишан на отсекот за книжевност.

Граѓаните се поделени, дел сметаат дека ова е поразителен факт за државата која требала да се погрижи одредени институции задолжително да вработат лектор. Но дел сметаат дека околу темата се кренала голема фама, а трендот на намалување на студенти е нормален. Велат дека има куп македонисти што работат на каси по маркети, а децата не се глупави да учат нешто за што утре би им требала партиска книшка за да земаат 20 илјади плата.

Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

На почеток