(ФОТО) Ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора пристигна во Бакингемската палата


Ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора вечерва пристигна во Бакингемската палата.
Речиси целиот пат од лондонскиот аеродром до палатата ја следеа толпи луѓе кои се собраа покрај патот за да ја видат погребната кола како поминува и да и оддадат последна почит.
Луѓето ги запреа своите автомобили на патот, излегоа од нив и мавтаа додека ковчегот обвиен со знаме се движеше низ Лондон.
Илјадници луѓе пред Бакингемската палата извикуваа „Господе чувај ја кралицата“ и ракоплескаа додека кочијата се приближуваше и минуваше низ железните порти.
Во палатата чекале нејзиниот син, кралот Чарлс III и другите членови на семејството.
Ковчегот беше донесен со воен авион од Единбург, каде што беше изложен за прв пат 24 часа.
Повеќе од 33.000 луѓе продефилираа покрај ковчегот изложен во Единбург во катедралата Сент Гилс, каде што беше донесен од замокот Балморал каде умре кралицата.
Кралицата почина на 8 септември на 97-годишна возраст по 70 години на тронот.
Утре ковчегот со кочија ќе биде однесен во салата во Парламентот каде ќе биде изложен четири дена до погребот во понеделник во Вестминстерската опатија.
