Apple го реши проблемот со камерата
Помалку од една недела откако Apple ја објави серијата iPhone 14, корисниците пријавуваат проблеми со вибрирање на камерата при користење на некои надворешни апликации.
Споменатиот проблем сега е решен како дел од ажурирањето на iOS 16.0.2, кое пристигнува до корисниците на iPhone вон планираниот распоред.
Според извештаите, проблемот со вибрациите на камерата е предизвикан од втората генерација на iOS системот со поместување на сензорот на главната камера во моделите iPhone 14 Pro и 14 Pro Max. Некои корисници пријавија гласни звуци на гребење и вибрации кои доаѓаат од камерата по отворањето на апликациите на екосистемот што не се на Apple, што ја прави камерата неупотреблива за овие апликации.
Новото ажурирање носи уште некои поправки. Корисниците се пожалија и на новата нотификација за copy/paste во верзијата iOS 16. Од корисниците беше побарана дозвола за copy/paste на содржини меѓу апликациите, а корисниците беа изнервирани од тоа колку често се појавува оваа нотификација.
Ажурирањето на iOS 16.0.2 сега пристигнува на сите поддржани модели на iPhone. За да го примените ажурирањето, одете во Settings > General > Software Update.
Apple iOS 16.0.2 update fixes iPhone 14 Pro’s shaking camera bug, other issues#Apple #iOS1602 #iPhone14Pro https://t.co/qc9IkVLJ91
— Express Technology (@ExpressTechie) September 23, 2022