Ние не можиме во Штип да влезиме во ЕУ ќе сме влегвале, велат граѓани бидејќи се наплаќа влез во градот
Вработени во штипското јавно претпријатие „Стипион“ вчера ги запираа автомобилите кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари ако се дојдени за манифестација „Пастрмалијада“
На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како паркинг-редарите ги запираат колите и им наплатуваат на возачите, од кои некои велат дека им барале 100 денари.
На влезот во градот се создал метеж, а револтирани возачи прашуваа зошто мора да платат за да влезат во градот.
На социјалните мрежи велат дека наместо да наплаќаат за влез во градот, треба да плаќаат за да им дојдат луѓе.
Наплаќале за влез во Велес/Штип бе :)))) треба да плаќате за да влагаат луѓе, не да наплаќате :))))))
— Марк Грег Спутник (@satelite_chris) September 24, 2022
Гледате зошто Штип не е на охридско крајбрежје? https://t.co/L0rRgd9T91
— Moon Patrol (@tomebato) September 24, 2022
После плаќање за влез во Штип. pic.twitter.com/N8pvPl7fqJ
— Сомнителен 🇲🇰🇪🇺⚡️🇺🇦 🇺🇸 (@somnitelen69) September 24, 2022
Ама да наплаќа само за тие од Штип пошто за вистинска пастрмајлија се плаќа. 🤣
— Рон Ван Демистри (@TojSoSlikite) September 23, 2022
Колку пари лапна Штип?
— Еск0бар (@Esk0bar_0d_SK) September 23, 2022
Што не кажете дека пуштиле нова патарина на влез во Штип?
— Dimko (@ddimkooooo) September 23, 2022
Не и текнало, за пастрамалијадата можеше да стаат пет паратини до Штип, ама не може се на мене да ми текнува…
— Светло у тунелот (@Sija_licka) September 24, 2022