Коментари

„Не се гради мултиетничко општество ако дозволиме една етничка заедница има најповластени привилегии во државата“, вели Костовски

Трифун Костовски го искоментира ставот на поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски за направениот попис. Герасимовски вели дека пописот е чиста политика и дека во него нема никаква статистика.

„Со големо внимание го прочитав ставот на еминентниот и поранешен директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски кого го познавам и кој целиот свој животен век го помина токму во овој завод. Неговата лична перцепција дека завршената статистичка операција попис има политичка позадина или поточно кажано его-етничка цел каде албанската популација се дига на пиедестал како најпривилегирана етничка заедница во Република Македонија е поразителна.

Таканаречените балансери во одредени толкувања на веќе завршениот попис, уште повеќе ја загреваат меѓуетничката тензија, што секако не е добро за државата. Евидентно според изјавата на Господинот Герасимовски се направени невидени пропусти во толкувањето за попишаното нерезидентното население. Овој факт говори дека токму овој завршен попис може да биде каменот на сопнување во изградбата на меѓуетничкиот соживот. Од овие причини најчесно е да завршениот попис се огласи за неважечки. Знам дека поништувањето на пописот ќе значи чекор наназад за Република Македонија во поглед нејзината иднина, ама многу почесно е тоа денес да го сториме, отколку да дозволиме натамошна употреба на стокмените статистички податоци од одделни партии за промоција на една етничка заедница во Република Македонија.

Не се гради мултиетничко општество во Република Македонија доколку дозволиме да една етничка заедница има најповластени привилегии во нашата држава“, вели Костовски.

На почеток