Коментари

Ние не можиме во Штип да влезиме во ЕУ ќе сме влегвале, велат граѓани бидејќи се наплаќа влез во градот

Вработени во штипското јавно претпријатие „Стипион“ вчера ги запираа автомобилите кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари ако се дојдени за манифестација „Пастрмалијада“

На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како паркинг-редарите ги запираат колите и им наплатуваат на возачите, од кои некои велат дека им барале 100 денари.

На влезот во градот се создал метеж, а револтирани возачи прашуваа зошто мора да платат за да влезат во градот.

На социјалните мрежи велат дека наместо да наплаќаат за влез во градот, треба да плаќаат за да им дојдат луѓе.

 

На почеток