Актуелно

„Путин лаже“, вели германски министер

„Тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека житото од Украина не оди во земјите кои страдаат од глад се лага“. Ова го изјави германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир.

Руската приказна дека житото не стигнува до луѓето на кои им е потребно преку таканаречените патишта на солидарноста нема никаква врска со реалноста, рече тој.

„Ова е точно како и сите други изјави на Владимир Путин. Може да се користи како тоалетна хартија“, рече Оздемир во понеделникот на маргините на состанокот на Европската унија во Брисел.

Изјавата од Москва не вреди ништо, рече тој.

„Добивме многу повеќе помош отколку што некој првично предвидуваше. Освен тоа, добро е што рутата преку Црното Море сега е отворена, па на пример, помошта отиде во Етиопија и Сомалија“, посочи Оздемир.

Од почетокот на војната, според информациите на претставник на ЕУ, преку солидарните патишта по копнен пат, како и преку црноморските пристаништа се транспортирани 14 милиони тони земјоделски производи.

Оздемир повторно повика да се работи на трајни алтернативи за црноморската рута. „Мора да се намали подложноста на Украина на уцени“.

На почеток