Свет

Макрон во посета на САД, прв пат откако Бајден стана претседател

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на 1 декември ќе ја оствари својата прва официјална посета на САД откако Џо Бајден стана претседател на земјата, соопштија во Вашингтон.

Според прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, посетата „ќе ја нагласи длабоката и трајна врска со Франција, најстариот сојузник“ на САД.

Посетата на Макрон на Вашингтон ќе биде втора официјална откако тој стана претседател на Франција во мај 2017 година – првпат домаќин беше поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Односите меѓу САД и Франција го достигнаа дното минатата година кога САД одлучија да склучат договор со Австралија за продажба на нуклеарни подморници на земјата.

Со оваа одлука Вашингтон го раскина договорот врз основа на кој Франција ја снабдува Австралија со подморници на дизел погон.

На почеток