Тројца загинати во напад со експлозив во јужна Турција
Три лица загинаа, а едно е повредено во експлозии во јужната турска провинција Мерсин.
Министерот за внатрешни работи на таа земја Сулејман Сојлу наведува дека за експлозиите кои одекнаа низ улиците на Мерсин доцна синоќа пред полноќ по локално време е одговорна Курдистанската работничка партија (ППК) и дека двете жени кои го извеле нападот се меѓу жртвите, јавува Ројтерс.
„Во нападот загина еден полицаец, а еден е ранет“, рече министерот.
Напаѓачите најпрвин пукале во дежурниот полицаец, а подоцна ги активирале бомбите прикачени на нивните тела, рече Сојлу. Повеќе од 40.000 луѓе загинаа во конфликтите меѓу ППК и Турција кои траат од 1984 година. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка група, потсетува Ројтерс.