Магазин

По 13 години брак се разведуваат Жизел Бундшен и Том Брејди

После 13 години во брак, а скоро две децении во врска, најпознатиот пар во светскиот спорт и посебно во САД се распадна помеѓу легендарниот Том Брејди и некогаш најпознатата светска манекенка Жизел Бундшен, заштитното лице на „Викторијас Сикрет“.

Повеќе од еден месец се шпекулираше дека Брејди и Жизел ќе се разведат, откако толкав период веќе живееле одвоено еден од друг и според американските медиуми, двајцата веќе ангажирале адвокати за бракоразводната парница во која во игра е богатство од 400 милиони долари.

Брејди и Жизел имаат две деца, 12-годишниот Бенџамин Реина и деветгодишната Вивијан Лејк. Според информациите на медиумите причината за разводот е одлуката на Брејди да ја повлече пензијата, иако на Жизел ѝ ветил дека ќе стави точка на кариерата и дека ќе му се посвети комплетно на семејството.

Богатството на Брејди е проценето на 250 милиони долари, а на Жизел од дури 400 милиони за време на нејзината манекенска кариера и кариера како глумица, но од вкупните 650 милиони долари, за поделба ќе се 400 милиони „зелени банкноти“ кои двајцата ги заработиле во периодот од 13-те години додека биле во брак.

Останува да се види дали поделбата на богатството и разводот ќе биде експресен или ќе се префрли на под светлоста на таблоидите и секојдневно ќе има пикантерии околу (не)согласувањата за истата.

Децата по една недела живеат кај еден од родителите и според најавите најлесно ќе биде постигнат договор за старателството, кое веројатно ќе го добие Жизел, ама Том ќе може кога ќе посака да биде со децата.

Ова е трет гламурозен пар кој се разведува во последно време после разводот на Франческо Тоти од Илари Блази и на контроверзните Мауро Икарди и Ванда Нара.

На почеток