Скопје

Конгресен центар “Александар Македонски” повторно ќе стане Универзална сала

Советот на Град Скопје на следната седница ќе одлучува за враќање на името Универзална сала на Конгресниот центар „Александар Македонски“ – Скопје.

Името на Универзална сала беше сменето од претходната градска администрација, како дел од пакетот реконструкција на Универзалната сала, кој до сега не е реализиран.

Според скопскиот градоначалник Петре Шилегов, реконструкцијата на Универзална сала како симбол на солидарноста во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток