Свет

Запорожје гори, Русија изврши ракетен напад

Запорожје гориРуските војници повторно извршија ракетен напад врз градот Запорожје, а во еден од окрузите избувна пожар, пренесува Укринформ.

Русите уште еднаш истрелаа ракети кон украинскиот град Запорожје во раните утрински часови, потврди Олександар Старух, шеф на регионалната воена управа на Запорожје.

Во градот се огласи сирена за воздушен напад, се слушнаа силни експлозии.

Пожар избувнал во еден од окрузите, на лице место работат специјализирани служби, јавува Укринформ.

Подоцна Старух појасни дека непријателот го погодил регионалниот центар со три ракети С-300. Запорожје е една од главните цели на руските ракети во последните денови.

На почеток