Свет

Икеа затвора 10.000 работни места во Русија

Икеа укина 10.000 работни места откако ја прекина работата во Русија поради војната во Украина, пренесува „Дејли мејл“.

Шведскиот гигант во продажбата на мебел ги затвори своите 17 продажни центри и го прекина производството во таа земја, каде пред војната беше еден од најголемите работодавци со 15.000 работници.

Џеспер Бродин, извршен директор на „Ингка“, холдинг компанија која управува со повеќето продавници на Икеа, изјави за АФП дека „мора да се збогува“ со околу 10.000 од неговите 12.000 работници на мало во Русија.

Ingka Group ги задржа отворени своите трговски центри Мега во Русија и покрај масовното затворање.

Пред војната, рускиот пазар претставуваше околу пет проценти од продажбата на групацијата.

Другите големи трговски синџири – Зара, Х&М, Марк и Спенсер и Најк – се повлекоа од Русија, заедно со луксузните брендови како Диор, Прада и Гучи.

На почеток