Властите немоќни: Киднапиран градоначалник во Мексико
Мексиканските власти денеска објавија дека градоначалник и група службеници исчезнаа откако беа киднапирани од вооружени лица
Според соопштението на владата на мексиканската држава Коахуила, властите изгубиле контакт со градоначалникот на градот Гереро, Марио Седила Инфанте, кој патувал со група од осум службеници во градот Нуево Ларедо, објави Ројтерс.
Пред да изгубат контакт, групата службени лица ги известила властите дека ги следат два камиони во кои имало вооружени лица.
Неименуван висок владин функционер изјави за Ројтерс дека вооружени лица киднапирале група функционери и дека властите во Коавил соработуваат со вооружените сили на Мексико за да ги вратат градоначалникот и неговата придружба.
Граничниот град Нуево Ларедо се наоѓа во државата Тамаулипас и е познат по насилството од бандите, наведува британската агенција.