Полска: Обновено е пумпањето на сурова нафта во оштетениот нафтовод Дружба


Полскиот оператор на нафтоводот ПЕРН објави дека е обновено пумпањето на сурова нафта во оштетениот нафтовод Дружба.
„Техничките служби на ПЕРН ја вратија целосната функционалност на оштетениот нафтовод што се користеше за испорака на сурова нафта до германските клиенти во саботата“, се вели во соопштението на ПЕРН, пренесува Reuters.
Протекувањето беше откриено доцна во вторникот, а ПЕРН следниот ден рече дека нема знаци дека мешањето од трета страна ја предизвикало штетата.
Протекувањето доаѓа во време кога Европа е во состојба на висока готовност за нејзината енергетска безбедност по конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Се истражуваат причините кои довеле до истекување… Во моментов активноста на службите на ПЕРН е насочена кон расчистување на просторот и враќање во првобитната состојба, соопшти ПЕРН.
