Свет

„Нема да дозволиме мешање на странска сила и дејствија на многу мал дел од населението кои се за независност на Тајван“, вели кинескиот переседател

Денеска започна 20. Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека на кинескиот народ е да одлучи за прашањето на Тајван и додаде дека Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила, но нагласи и дека ќе се залага за мирно решение на проблемот, пренесува Ројтерс.

Кси ова го изјави во Пекинг, на почетокот на 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина (КПК) во Големата сала на народот, каде што се присутни водечки кинески владини претставници и околу 2.300 делегати, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Конгресот на ККП се одржува еднаш на секои пет години, а сегашниот лидер Кси се очекува да добие петгодишен мандат по трет пат.

Кина го смета Тајван за своја територија, и покрај силното противење на владата во Тајпеј, која го отфрла кинескиот суверенитет и тврди дека само луѓето на островот имаат право да одлучуваат за својата судбина, додава британската новинска агенција.

Тензиите се зголемија во август, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, а Кина извесен период одржа големи воени вежби во областа во Тајванскиот теснец.

„Пекинг отсекогаш го почитувал, се грижел и работел за благосостојбата на тајванскиот народ и бил посветен на развојот на економската и културната размена преку тајванскиот теснец. Прашањето за Тајван е наше внатрешно прашање и зависи од кинескиот народ да одлучи. Ние се стремиме кон мирно обединување, но никогаш нема да ветиме дека „ќе се откажеме од употребата на сила. Нема да дозволиме мешање на странска сила и дејствија на многу мал дел од населението кои се за независност на Тајван против мислењето на мнозинството жители на Тајван“, рече Кси.

Претходно оваа недела, тајванската претседателка Цаи Инг-вен рече дека војната меѓу Тајван и Кина „апсолутно не е опција“ и рече дека е подготвена да разговара со Пекинг, но Пекинг не сака да разговара со неа бидејќи се смета за сепаратист.

Пекинг му понуди на Тајван автономија според принципот „една земја, два системи“, истиот модел што го има со Хонг Конг, но повеќето политички партии во Тајван ја отфрлија идејата.

Тој рече дека Кина ќе го забрза создавањето на армија од светска класа и ќе ги зајакне своите одбранбени способности.

„Исто така, ќе го забрзаме создавањето на нов развоен модел за земјата и ќе се залагаме за највисоки стандарди во сите области. рече Кси.

На почеток