Си-Ен-Ен: Конфликтот во Украина влегува во непредвидлива фаза


Војната во Украина, која се забавуваше со месеци, повторно избувна во пресрет на зимата. Конфликтот влегува во непредвидлива фаза, наведува CNN во новата анализа.
„Ова сега е трета, четврта, можеби петта поинаква војна што ја гледаме во Украина“, изјави за Си-Ен-Ен Кир Гилс, консултант за Русија и Евроазија во лондонската тинк-тенк „Чатам хаус“.
Минатонеделниот масовен руски ракетен напад беше проследен со постојан напредок на Украина, но и со голема експлозија на мостот на Крим, единствениот копнен премин што ги поврзува Русија и Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година. Експлозијата на мостот на Крим беше значаен психолошки и стратешки удар за Русија, според Си-Ен-Ен.
Со приближувањето на студените зимски месеци кои можат целосно да ги забават копнените битки, експертите велат дека следните неколку недели од војната ќе бидат критични.
„Сценариото за победа на Украина изгледаше далечно, сега е многу поверојатно“
„Еднаш се чинеше дека секој исход што може да се опише како победа на Украина би бил многу пресилен. Таквиот исход сега изгледа многу поверојатен. Одговорот на Русија најверојатно ќе биде нова ескалација“, смета Гилс.
Да потсетиме, Русија во четвртокот објави дека ќе помогне да се евакуираат жителите на окупираниот Херсон среде украинската контраофанзива во тој регион. Имено, успехот на украинската контраофанзива, како на истокот, така и на југот на земјата, успешно ја отфрли идејата дека Украина можеби ќе може да се одбрани, но дека не може да ги ослободи окупираните територии.
„Русите сакаат да избегнат колапс пред зимата“
„Русите сега се надеваат дека ќе избегнат фронтален колапс пред да дојде зимата“, изјави за Си-Ен-Ен Самир Пури, истражувач во Меѓународниот институт за стратешки студии и автор на книгата „Патот на Русија кон војната со Украина“.
„Ако успеат да стигнат до Божиќ кога линијата на фронтот изгледа вака, тоа ќе биде огромен успех за Русите со оглед на сето она што тие успеаја да го зафркнат од февруари“, рече Пури.
