Свет

Волкер Турк ја презема функцијата висок комесар на ОН

Австриецот Волкер Турк денеска ја презема функцијата висок комесар за човекови права на ОН во Женева.

Австрискиот дипломат, кој важи за важен соработник на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја презема функцијата од Чилеанката Мишел Башелет, чиј мандат истече на крајот на август.

На експерт за меѓународно право му претстои тешка работа.

Најголем предизвик за Турк ќе биде да се соочи со последиците од чувствителниот извештај за кинескиот регион Ксинџијанг, кој Башелет го објави непосредно пред крајот на нејзиниот мандат.

Претходно, Башелет зборуваше за масовниот притисок од Кина и други земји, со цел да не се објави извештај за злоупотреба и дискриминаторско затворање на припадниците на малцинството Ујгур, како и на другите малцинства во таа кинеска област.

Турк, кој работеше за УНХЦР две децении, до неодамна беше потсекретар на ОН за политика.

На почеток