Од вчера Клиниката за Гинекологија и акушерство има и економски директор., По пауза од шест години, најголемото родилиште во земјата доби втор менаџер. Ваљон Беља кој е кадар на ДУИ ќе управува со финансиите и ќе биде вршител на должноста.
Неофицијално, неговото назначување е договор меѓу коалиционите парнери СДСМ и ДУИ.
Од Министерството за здравство не сакаа да коментираат ништо за новоименуваниот директор. Нема ниту објаснување зошто отвораат нови работни места кога се најавуваше укинување на економските директори. Измените на законот за здравствена заштита, неофицијално под притисок на ДУИ биле тргнати од владина седница.
Ваљон Вела економски директор на клиника за гинекологија
Од
Објавено на