Скопје

Еден возач потешко и четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Еден возач се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица сe полесно повредени во четири од вкупно 12 сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки причинета е материјална штета.

Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 52 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, пет возачи кои биле под дејство на алкохол и 13 пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени две возила кои биле технички неисправни и 15 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 97 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 возила.

Полицијата санкционирала и осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување и тројца за некористење зашитен шлем од страна на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализирала сообраќајна поука на која присуствувале учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци во својство на возачи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток