В недела од 7:30 до 11 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.
Град Скопје информира дека времениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.
Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.
Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.
– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.