Коментари

Патници на ЈСП: Ја најдовте бомбата? Колку дена ви се потребни да се заврши овој нарачан циркус?

Со емотикони и знакчиња, саат откако сите автобуси на ЈСП беа повлечени од сообраќај, од претпријатието објави и соопштение на нивната фејсбук страница. Во коментарите одново се потврдува нервозата кај граѓаните, кои утрово наместо превоз, останаа на постојките. За едни, дојавата е циркус, други прашуваат дали ќе има автобуси од попладне.

„Абе дајте им плата на луѓето неспособни едни!“, се вели во еден коментар, а во друг се додава: „Циркус Медрано не ви е рамен. Дојава на бомба во 5 часот наутро, а до 8 часот луѓе се возеа со автобус, немој да кажете дека биле приватни автобуси , јас со 2а се возев“.

„Ја најдовте бомбата? Колку дена ви се потребни да се заврши овој нарачан циркус?“, прашува друг корисник на социјалните мрежи.

„Како не ви е срам, до кога ќе не правите луди, соберете парите на луѓето на 1-ви и после нема превоз. Од 12часот ќе штрајкувате па ќе си споите сега се“, вели скопјанка.

Имаше и прашање каде се вели: „А до попладне ќе пуштите автобуси, за другарка прашувам…“.

Инаку, автобусите и натаму се во седиштето на ЈСП.

На почеток