Македонија

(Фото) Возачот кој ја усмрти Фросина со телефон во затвор: префрлен е во самица, а се води и истрага

Само два дена откако влезе во притвор, возачот Васил Јованов кој на „Партизанска“ ја усмрти Фросина Кулакова, набавил телефон во притворското одделение во затворот во Шутка. За ова се дозна откако затвореници го снимиле додека бил во дворот каде има право на шетање од 1 до 2 часа.

Откако фотографиите завршија на интернет, Јованов заврши од ќелија со други осуденици во самица. Директорот на затворот, Бобан Утковски, рече дека ќе се проверува како Јованов го набавил телефонот и од кого, за што посочи дека веќе се прават проверки.

На социјалните мрежи, одговорност бараат и од семејството на Фросина.

„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?“, напиша Росица Кулавкова.

Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото, влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противеше и бараше да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош. Ова беше одбиено.

Обвинителството извести дека тој бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин. Истрагата за случајот е во тек.

БОНУС ВИДЕО: Како изгледаат притворските ќелии во затворот во Шутка

На почеток