Украина ја обвини Русија: „Намерно не блокираат, пристаништа работат со само 25 до 30 проценти од нивниот капацитет
Седум бродови со жито испловија од украинските пристаништа за Азија и Европа. Ова го соопшти Министерството за инфраструктура на земјата, обвинувајќи ја Русија дека го блокира целосното спроведување на Црноморскиот договор за жито.
„Русија намерно го блокира целосното спроведување на Иницијативата за жито. Како резултат на тоа, украинските пристаништа работат со само 25 до 30 проценти од нивниот капацитет во последните неколку дена“, се наведува во соопштението на Министерството објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Договорот поддржан од ОН го отвори патот за Украина да го обнови извозот на жито од пристаништата на Црното Море, кои се затворени откако Русија почна со воените операции во земјата.
Украина повика на обновување на договорот, но загриженоста околу тоа дали Русија ќе се согласи на продолжување по неговото истекување на 19 ноември се интензивираше откако Москва постојано апелираше за неговото спроведување.