Драматично зголемување на нападите на банкомати во Европа
Бројот на напади на банкомати во Европа драстично се зголемува, соопшти Европол, пренесува dpa.
Видовите на употребените експлозиви се исто така сè помоќни и опасни, изјави портпаролката на Европол, Клер Жорж за ДПА.
„Се почесто се користат екстремно моќни експлозиви, кои предизвикуваат дури и уривање на згради и убивање на невини луѓе“, рече таа, пренесува Индекс.
Минатата година во Германија имало 287 напади на банкомати
Таа рече дека полицијата го идентификувала растечкиот тренд во многу европски земји, вклучително и Германија, јужна Европа и балтичките земји.
Нападите се извршени од криминални банди кои се специјализирани за такви експлозии и дејствуваат на меѓународно ниво, рече таа.
Холандската полиција до септември забележала ист број напади на банкомати како претходната година, и покрај намалувањето на бројот на банкомати.